Груевски: Владините реклами се со цел навремено и прецизно информирање на граѓаните

Премиерот Никола Груевски вели дека секој компанија која сака да инвестира и отвора нови работни места добива ист третман од Владата

Рекламите кои што Владата ги емитува имаат за цел да ги информираат граѓаните за сите реформите кои што се спроведуваат, на едноставен начин, а медиумите тие емитувања си ги наплатуваат, рече денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на пратеничко прашање.

Премиерот истакна дека кон сите медиуми се исплатени услуги кои што ги дале во однос на емитување на информативните кампањи.

„Владата води такви политики на објавување информативни кампања и во различни периоди за различни проекти, за различни закони или подзаконски акти, за граѓаните и компаниите да бидат информирани за новите можности и сите работи што се прават во нивна корист“, рече премиерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.