Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е синоним за отворање на нови работни места

-ВМРО-ДМПНЕ и колицијата се синоним за отворање на нови работни места, за создавање на поволна бизнис клима, за привлекување на странски, но и домашни инвестиции, за инвестирање во инфраструктурата. ВМРО-ДПМНЕ е синоним за политичка партија во која граѓаните имаат доверба, која држи до збор и го реализира ветеното. ВМРО-ДПМНЕ  е прва партија која на дело покажа дека може да обезбеди перспектива за граѓаните на Република Македонија, порача Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во својот отчет за сработеното во изминативе четири години, потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ на дело покажа дека може да обезбеди перспектива за граѓаните на Република Македонија.

Тој потенцираше дека како во изминатите четири години, така и во наредниот период развојот на економијата ќе остане еден од главните приоритети, со цел подобрување на животот на граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.