Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е со народот, народот цени по делата!

Премиерот Груевски му порача на лидерот на СДСМ дека времето му истекува. Заев е директно инволвиран во дестабилизацијата на Македонија и одработува агенда која и самиот не ја разбира, додаде Груевски. Се жали дека немало слобода на медиумите, а секојдневно на неколку национални телевизии и вкупно преку 22 медиума клевети со нелегално стекнати и креирани материјали, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашата сила е во народот. Црните сценарија со креираните материјали нема да ги засенат нашата работа и дела. Груевски од собирот што владејачката партија го одржа во Скопје со порака до Заев – вели нашата битка за Македонија е битка за реализација на проектите, битка за подобрување на животот на граѓаните. ВМРО – ДМПНЕ, рече Груевски, не се подготвува за избори, туку за нови проекти, за нови инвестиции и нови работни места…

Во останатите пораки до политичкиот противник Груевски рече дека нема да дозволи опозицијата да ги потпали и меѓуетничките односи. До членството на СДСМ апел да не подлегнуваат на провокации за дестабилизација. Барањето за преодна влада во Македонија е можно и остварливо, но само без ВМРО-ДПМНЕ во нејзе, порача Груевски. Народот дава мандат и легитимитет на избори и тој бира кој ќе формира влада а кој не. Со формирање преодна влада се отвора простор за сериозен преседан, кој потоа лесно може да биде предмет на конфликтност меѓу партиите, рече Груевски.

Владејачката партија, потсети Груевски, исто така нема да прифати загрозување на националниот идентитет и јазикот. Македонија 6 пати по ред добива позитивен извештај од Европската Комисија и препорака за старт на преговорите со Унијата, има позитивна судска пресуда од меѓународниот суд во Хаг, а ги исполни сите услови за членство во НАТО. Ова што и се случува на Македонија не е праведно, но како што потенцира Груевски, ни преостанува само со дела да се бориме за Македонија.

На собирот на кој имаше над 30 илјади граѓани,Груевски додаде дека Наспроти СДСМ која со деструкција се обидува да дојде на влас, битката на ВМРО ДПМНЕ е за економијата, за реализаија на проектите кои го подобруваат реалниот живот на граѓаните, рече Груевски.  Во најтешката криза во Европа, кога многу земји кратеа плани и пензии, отпуштаа работници во Макеоднија се случува спротивното. 350 милиони евра се дадени како евтини кредити за македонските компании, платите, пензиите и социјалната помош се зголемуваат. Се инвестира во патната инфраструктура, во здравството, земјоделците добиваат субвенции. Во образованието, проектот компјутер за секое дете, ќе се надогради овојпат со нови таблети и тастатури. Странски компании градат фабрики во Македонија. На собирот премиерот најави уште нови 6 странски инвестиции со околу 4.500 директни вработувања.

Груевски порача дека продолжува со силно темпо и ги повика граѓаните како што рече со крената глава да покажат дека Македонија е многу повеќе од интересите на одредени луѓе и некои структури,многу посилна од лошите сценарија и туѓи агенди.