Груевски: ВМРО-ДПМНЕ оди на предвремени парламентарни избори

Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, на денешната Конвенција за избор на претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, најави предвремени парламентарни избори.

„Во изминатите недели и месеци ги слушнавме изјавите на ДУИ дека ќе ги бојкотираат изборите, ќе излезат од Владата и ќе бараат предвремени парламентарни избори. Во 2008 на 63 пратеници ништо не им пречеше. Подоцна, откако во 2011 добивме 56 пратеници гледаме различно лице на коалициониот партнер. Во минатите еден или два месеци ги слушавме нивните изјави, одбегнувајќи јавни препреки од нивната одлука за предвремени избори со образложение дека наш кандидати не го гледале како консензуален“, изјави Груевски.

Премиерот додаде дека најважно е што ВМРО-ДПМНЕ не подлегнува на уцени и закани.

„Тоа досега на сите им е јасно, а и на ДУИ. Второ, затоа веќе е јасно зошто и бараат консензуален кандидат, за да не го добијат и да одат на обид за пропаѓање на претседателските избори и притисок за промена на Уставот за партиите, а не граѓаните да бираат претседател. Пред се, поради државен и национален интерес, ќе одговорам дека се прифаќа одлуката за предвремени парламентарни избори, кои ќе се одржат на истиот ден кога се одржува и вториот круг на претседателските избори“, истакна премиерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.