Груевски: ВМРО-ДПМНЕ се потпира на народот, тој знае кој работи, создава и гради, а кој не работи и руши

ВМРО-ДПМНЕ е партија основана на база на идеологија. Таа идеологија има и своја историска поткрепа и позадина, а се разбира во современото живеење е поткрепена и со современта  идеологија на демократските народни партиите во Европа, каде ВМРО-ДПМНЕ и припаѓа. Историската македонска револуционерна организација, попозната под името ВМРО, отпочна и водеше организирана и бескомпромисна борба за ослободување на Македонија. Таа беше главен организирачки и мотивирачки фактор на народот, не само во своите 41 година постоење, туку и подоцна кога во текот на втората светска војна беше инспирација и водилка, и го крепеше духот на наодноослободителната антифашистчка борба за слобода на Македoнија.

Ова го потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во воведот од своето обраќање на прославата од 26. роденден на партијата.

Тој дух и тој стремеж на македонскиот народ не престана да се бунтува и кога после АСНОМ Македонија доби државност во рамките на СФРЈ, но под недемократскиот режим на комунистичкат партија, која освен што беше недемократска и тоталитарна власт и ја злоупотерби 4 годишната борба за ослободување од фашизтите и формирање своја држава, туку и ги задушуваше сите стремежи на народот за самостојна, независна, суверена и демократска држава. Таквите луѓе ги затвараше или убиваше. И во тие 46 години, ВМРО беше отпорот кон режимот, изразен не само во многуте тајни организации кои го носеа, или не го носеа предзнакот ВМРО, а ја носеа идеологијата на ВМРО, туку и преку непрекидниот обид конечно да се дојде до посакуваната цел: суверена, независна и самостојна држава, на слободни граѓани и демократија. Како што македонскиот народ ја искористи историската шанса во времето на антифашистиката борба и доби државност во рамките на СФРЈ, така и во 1991 година, повторно го искорсти историскиот миг и историската шанса при распадот на комунизмот, и на поранешната Југославија, за конечно извојување на демократска, слободна, независна и суверена држава. И небеше случајно што во 1991 година, после 46 години еднопартиски систем, прогони, пропаганди, искривувања на историјата, потиснување на значаен дел од националното минатото, во првиот момент кога можеше да одлучува народот, најголема подршка и гласови од народот доби токму ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.

Тој нагласи дека во овие 26 години ВМРО-ДПМНЕ го оправда носењето на префиксот ВМРО во своето име.

Секогаш и секаде беше прва на браникот на татковината и интересите на својот народ и своите граѓани.Го оправда и префиксот ДПМНЕ. Вложи најмногу од било кој не само за осомостојувањето и независноста, туку и за напредокот на земјата, економски, политички, демократски, патот кон ЕУ и НАТО,националното единство, но и  реформите, изградбата на земјата, решавање на најмногу проблеми на граѓаните, делата. Ако ги анализираме овие 26 години, ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била победена на избори, или без правење класичен фалисфикат на изборите, како во1994тата и во 2004тата, или со помош на надворешен фактор, како во 2002рата, иако во овие ситуации СДСМ не беше без шанса за победа и без помошта од надвор или фалсификатот. Не сакам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ  е непобедлива. Тој што во услови на демократија тоа ќе го помисли, или каже за било која партија тоа, ќе погреши. Но, факт е, дека народот повеќе од 120 години, во добри и во лоши времиња, во слобода или ропство, на еден или на друг начин, јасно покажува дека организацијата, денес партијата, која најмногу се гризи за националните и народните интереси, во мнозинство ја подржува. Некогаш ќе и се налути, некогаш и ќе ја казни и ќе гласа на избори против неа, некогаш ќе ја опомени или искара, но овој народ, знае и кој е, и што е, и за што се бори, и кои се неговите интереси и стремеж, и да даде подршка во клучен момент на оние кои најмногу се борат за остварување на заедничкото, општото добро, за државата и за нејзиниот народ. И да препознае кој работи, создава и гради, а кој не работи и руши. Едноставно, во духот на нашиот слоган денеска, идејата и делото се посилни од се, рече Груевски.

Тој додаде дека речиси 25 години освен партии Македонија има и невладини организации и тоа е добро, но се поставува прашањето, зошто 80 осто од финасирањето на тие НВО во сиот изминат период доаѓа од еден центар, од еден извор, и зошто и останатите 20 осто во најголем дел се финасираат од некого однадвор.

Се поставува прашањето, зошто соросовите НВО кои веројатно се 80 осто од сите НВО, секогаш, ама баш секогаш се против ВМРО-ДПМНЕ, и секогаш, ама баш секогаш на страна на СДСМ, независно кој е на власт, а кој во опозиција. Дали во овие 26 години ВМРО-ДПМНЕ не напрвави барем еден чекор или предлог кој на спонзорот на овие НВО ќе му се допаднеше, или пак СДСМ не направи една грешка заради која ќе излезеше на протест против неа, или е нешто друго во прашање. Барем еден чекор. Дали некому му пречи што ВМРО-ДПМНЕ сака самостојна држава со сите атрибути, и се бори за нејзиното зајакнување во секоја смисла, и држава која ќе ја управува нејзинот народ преку демократски избори,  а не некој друг. Зошто ВМРО-ДПМНЕ секогаш се потпира на народот и неговата воља, а СДСМ секогаш се потпира на надворешни сили и интереси, праша Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.