Груевски: ВМРО-ДПМНЕ се враќа на својот традиционален идентитет затоа што ѝ треба на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето во саботата вечерта на телевизија Алфа истакна дека партијата се враќа на традиционалниот идентитет бидејќи граѓаните на овие избори покажале дека го бараат тоа.

„Тој традиционален идентитет претставуваше силно да се биде против и влијанието на некои надворешни фактори кои се мешаа во Македнија, актуелните политики беа несоодветни во тој дел. ВМРО е важна за Македонија, за зачувување на националните и државните интереси. Мора да извлечеме поука, да направиме длабинска анализа по изборите и партијата да продолжи по оној пат по кој очекуваат најмалку 450.000 кои нѐ поддржаа“, истакна Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не е ниту срамота, ниту погрешно да се обидете да освоите други членови и симпатии, но очигледно тоа го направиле многу нагло и не многу вешто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.