четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 43

Груевски: Во 2006-та од СДСМ наследивме буџет од само 3 млн евра, Владата веднаш беше блокирана поради заостанати долгови

СДСМ сé уште не составиле влада и не влегле во владата, а веќе бараат изговори за нивното неработење, предупреди Груевски

gruevski-izjava-1-640x469

Поврзани вести

Обвинувањата од страна на СДСМ дека наводно ќе сме им оставеле празен Буџет, имено вистината е сосема различна од тоа, на почетокот од оваа седмица како што слушнавме и во јавноста во буџетот имаше средства во износ од 180 милиони евра и ова е сумата којашто ја има на салдото на Буџетот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Од нив дел по одлуката на Уставен суд ќе одат за субвенции на земјоделците, а тоа се околу 50 милиони евра, така што оставаме огромни средства на новото мнозинство кое што деновиве ја преговара владата. За разлика од 2006 кога влеговме во владата имаше само 3 милиони евра и десетици подготвени извршувања на тужби добиени од други компании кои со месеци чекале кога ќе влезе новата влада тогаш да ги активираат. Само што влеговме во владата иако имаше три милиона евра, за десетина дена се активираа десетици и десетици извршни решенија на судски решенија што ги имала владата и владата беше блокирана, тоа е СДСМ, а ова денес е ВМРО-ДПМНЕ и тоа е разликата“, потенцираше Груевски.

 

Истакна, исто така, дека го загрижува тоа што СДСМ сé уште не составиле влада и не влегле во владата, а веќе бараат изговори за нивното неработење коешто ќе следува и за нивната неспособност.

 

„Тие уште отсега почнуваат со лажни вести, а што ли ќе стане кога ќе влезат во владата и какви ли не лажни вести ќе слушаме секој ден за да имаат алиби за тоа што немаат никаква сериозна програма и план за тоа што ќе го работат. Да споменам и дека буџетскиот дефицит годинава е само околу еден процент што е еден од најниските буџетски дефицити во историјата на Македонија“, рече Груевски.

Најчитани вести