Македонија

Груевски: Во 2015 година ќе се вработат 250 професионални војници

Груевски: Во 2015 година ќе се вработат 250 професионални војници

Во 2015 година се планираат вработувања на 250 професионални војници во Армијата на Република Македонија, изјави премиерот Никола Груевски.

– Тоа ќе се направи во два наврата, првиот ќе биде во март – април, а конкурсот ќе излезе во јануари и првата половина ќе биде за 125 војници. Додека втората половина конкурсот ќе излезе некаде април – мај, а нивното примање ќе се комплетира во октомври-ноември исто така за 125 војници или вкупно 250 професионални војници ќе бидат ангажирани дополнително во Армијата на Република Македонија. Со тоа ќе се даде можност на многу граѓани кои чувстуваат дека имаат добри предиспозиции, дека сакаат да ја работат таа работа и дека можат да ја работат, да се пријават на овој конкурст, да си обезбедат работно место, а исто така и да ги зајакнат капацитетите на АРМ, рече премиерот Груевски по промоцијата на нови дела од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја, психологија со психоанализа“ одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека ова се прави откако претходно, Владата го реши и статусот на оние професионални војници на кои им беше завршен договорот на 35, односно 38 години и кои со тоа беа излезени од Армијата.

– Пред изборите дадовме ветување дека тие луѓе ќе бидат вработени до крајот на оваа година и таа операција е комплетирана. Уште за еден или двајца деновиве треба да се заврши така што и тој проект го затворивме, рече премиерот Никола Груевски.