Груевски: Во 2015 – та оствариме нова рекордно ниска стапка на невработеност, од 25,5 отсто

Ми претставува особено задоволство фактот дека во 2015та оствариме нова рекордно ниска стапка на невработеност, која заклучно со септември е 25,5 отсто. Никогаш не била пониска. Да потсетам таа беше околу 38 отсто во 2006тата, од кога континуирно секој квартал се намалува. Имаме уште работа на овој план, но можеме комотно да кажеме дека сме на добар пат. Ова во своето новогодишно обраќање го посочи премиерот Никола Груевски.

Сето ова досега е во делот на политиката, но ние сме најсилни во делот на економијата и сакам да ве уверам дека најголем фокус и во иднина ќе имаме на економијата и обезбедување на подобар живот на граѓаните. Досега како резултат на заеднички труд, Светската банка на ново објавената ранг листа обзнани дека Македонија е 12та најдобра држава во светот, и шеста најдобра држава во Европа, во однос на добрите услови за водење бизнис. Кога дојдовме во владата, бевме рангирани дури на 94 – тото место во светот.

Подобрените услови за водење бизнис, ни ја олеснија работата во привлекувањето странски инвестиции. Но, ние во 2015тата, силно се осврнавме и на домашните фирми, преку многу превземени мерки, а една од нив вреди посебно да се спомне, тоа е проектот Македонија вработува, со кој на сите фирми во Македонија, им се дадоа исклучителни финасиски поволности за да вработувааат нови работници.

Ми претставува особено задоволство фактот дека во 2015 – та оствариме нова рекордно ниска стапка на невработеност, која заклучно со септември е 25,5 отсто. Никогаш не била пониска. Да потсетам таа беше околу 38 отсто во 2006 – тата, од кога континуирно секој квартал се намалува. Имаме уште работа на овој план, но можеме комотно да кажеме дека сме на добар пат. Во 2006тата при доаѓањето во владата бројот на лица кои имале работа беше 560 илјади луѓе, сега, тој број е над 710 илјади луѓе кои работат. Со нашите економски политики и посветеност, сме успеале, да овозможиме отворање на нови над 150 илјади работни места, а тоа се 150 илјади нови плати за граѓаните кои порано не работеле, а сега работат. Државниот долг на земјата не се зголеми, туку и се намали од 39 на 36 отсто од БДП, и сме 4та најниско задолжена земја во Европа, според ЕУРОСТАТ. Позитивниот тренд во економијата особено на полето на инвестициите ќе продолжи и во 2016та,за кога е проектиран раст од 4 отсто од БДП, и натамошно намалување на невработеноста.