Груевски: Во 2016. ќе почне градбата на три студентски дома

Во образованието, во тек е реконструкцијата на студентскиот дом Гоце Делчев, а во 2016та ќе почне градбата на уште два во Скопје и еден во Тетово. Почна со работа филмската школа во Охрид, во соработка на престижната чешка школа ФАМУ и штипскиот универзитет, посочи премиерот, Никоа Груевски, во своето новогодишно обраќање.

Почна и градбата на објекти на два нови факултети, на Финки и факултетот за физичка култура. Формиравме и нов универзитет Мајка Тереза, кој ќе биде на македонски, албански и англиски и ќе преставува нов квалитет во високото образование во Македонија. Истовремено планираме Воената академија која ја возобновивме, да прерасне во нов универзитет за национална безбедност во чиј склоп ќе работат повеќе факултети. Прашањето со зајакнувањето на квалитетот на високото образование, како и минималните стандарди во делот на научни трудови на наставниот кадар, остана тема на која треба да се обрне повеќе вниманиево 2016, истакна Груевски.