Груевски: Во 2016 – та ќе има ново зголемување на пензиите и социјалната помош од 5%

Во 2015 – та пораснаа пензиите на пензионерите за 5 отсто во 2015 – та, а ќе следи и таков раст во 2016 – тата, како и раст на минималната плата, согласно ветеното, најави премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање.

Досега од 2006 – тата просечната пензија порасна за 70 отсто, а најниската пензија за 84 отсто. Во 2016 – та треба да започне и градбата на нови државни пензионерски домови за пензионери со пониски пензии. Социјалната помош наместо за ветените 5 отсто во 2015 – та прасна за 10 отсто, и ќе има ново покачување во 2016 – та од најмалку 5 отсто. Се изградија 10 нови детски градинки, и уште 4 се при крај,  а уште повеќе се планираат за 2016 – та. Над 140 милиони евра се отплатија за земјоделците во 2015 – та, а во 2016 – та земјоделците можат да сметаат на нови 150 милиони евра за земјоделието, и да продолжи оваа стабилна и континуирана поддршка која ја добиваат. И подршката не е само преку субвенциите, туку и преку помош на млади земјоделци, подигнување на нови насади и набавка на приплоден добиток, систем капка по капка, градба на системи за наводнување.