Груевски во Брисел на средба со Расмусен

Премиерот Никола Груевски денеска ќе го посети седиштето на НАТО каде што ќе се сретне со генералниот секретар Андерс Фог Расмусен и ќе присуствува на Северно-атлантскиот совет на Алијансата, пренесува МИА.

Од седиштето на НАТО потврдија дека претседателот на македонската Влада доаѓа на покана на првиот оперативец на Алијансата.

Според официјалното соопштение од НАТО, по средбата Груевски-Расмусен ќе има и заедничка прес-конференција. Средбата доаѓа неколку месеци пред Самитот на Алијансата во Велс, каде се очекува проширувањето да се врати на агендата, при што Македонија е земја што е прва на листата, но не може да и се приклучи на најголемата воено-политичка организација на светот поради блокадите од Грција.