Груевски во Брисел на средба со Жозеф Дол и на Сaмит на ЕПП

Премиерот Никола Груевски денеска во Брисел ќе има средба со претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Жозеф Дол, кој е и лидер на најбројната политичка групација во Европскиот парламент и искрен поддржувач на Република Македонија, јавува дописникот на МИА.

Средбата Груевски – Дол е втора меѓу двајцата политичари во период од неколку месеци. Се очекува Груевски и Дол да разговараат за повеќе актуелни теми и прашања од интерес за Република Македонија и нејзините евроинтеграции.

Премиерот Груевски денеска во Брисел ќе учествува и на редовниот Самит на Европската народна партија, на кој учествуваат шефовите на партии и политички лидери од европската десница, меѓу кои и првите луѓе на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск.