недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 49

Груевски: Во ДИК треба да се работи по словото на законот и согласно фактите, а не по желбата на политичарите

DIK

Последни вести

Државната изборна комисија треба да биде канализатор и спроведувач на волјата на гласачите. Ние како партија имаме јасен став дека експертите кои треба да бидат предложени мора да бидат луѓе со кредибилитет, и луѓе кои ги исполнуваат највисоките професионални стандарди луѓе кои што ваѓат за политички неутрални, истакна премиерот Никола Груевски.

Тој додаде дека во Државната изборна комисија треба да се работи по словото на законот и  согласно фактите, а не по желбата на политичарите.

Зад искривувањето на ваквите начела и принципи стои желбата да се наштети на процесот, да се избега од избори. И ние тоа нема и не смееме да го дозволиме. Мора да воведеме повисоки критериуми, мора да не се наштети на волјата на граѓаните. Решението треба да се бара во рамките на овие принципи кои ги истакнав, подвлече тој.

Најчитани вести