четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 58

Груевски: Во градежништвото ќе влезат 40 милиони евра од инфраструктурните проекти за млади

gradeznistvo- rabotnici_1

Поврзани вести

Од 34 мерки и проекти за млади, дури 17 се со инфраструктурен карактер, а планирањата се дека тие на градежништвото ќе му донесат над 40 милиони евра свежи пари за реализација на овие проекти. Ова е одговорот од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на новинарското прашање како промовираните проекти за младите ќе влијаат на градежништвото.

– Нашите проценки кажуваат дека ќе влезат околу 40 милиони евра свежи пари во градежништвото со реализацијата на овие 17 проекти за млади, дали се тоа проектите за градење на гимнастичка сала, дали е проектот за градење на базен во СЦ „Борис Трајковски“, дали проектот за изградба на 150 баскет игралишта, за изградба на нов конгресен центар во Охрид или некои од многуте други проекти, 17 од нив се поврзани со градежни работи, изјави Груевски.

Посочи дека меѓу овие проекти е и проектот за изградба на стариот римски театар со 9.000 седишта, проект за скејт паркови, гимнастичка и тениска арена, фитнес зони, реновирање на Офицерскиот дом во Битола и многу други.

Освен што младите од овие проекти ќе имаат корист, потенцира Груевски, огромна корист ќе имаат и градежните компании, а ќе има потреба и од, како што рече, градежни работници, нивно ангажирање, плаќање и обезбедување работа.

Груевски уште еднаш истакна дека проектите за младите ќе имаат двострана корист – и за младите и за градежниот сектор, но и за работниците во градежниот сектор кои на среден рок ќе добијат доста проекти  и гарантирани вработувања.

Најчитани вести