Груевски во Мадрид се сретна со Јункер, Хан и со други европски политички лидери

Груевски во Мадрид се сретна со Јункер, Хан и други европски политички лидери
Груевски во Мадрид се сретна со Јункер, Хан и други европски политички лидери

Премиерот Никола Груевски, на маргините на конгресот во Мадрид организиран од Европската народна партија, имаше низа куси средби и разговори со повеќе европски политички лидери и политичари присутни на конгресот на ЕПП.

Груевски, информира владината прес-служба, оствари средби и разговори со премиерката на Норвешка Ерна Солберг, со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, со комесарот на ЕУ за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, со претседателот на ЕПП во Советот на Европа Педро Аграмунт, како и со Давид Мекалистер, европратеник од ЦДУ од Германија, со словенечкиот европратеник Алојз Петерле и со поранешниот премиер на премиер на Словенија Јанез Јанша.

Аграмут

Теми на разговор биле прашања кои се од интерес на Македонија, поддршка на процесите и интегративните цели на државата.

Петрле

Инаку, доцна синоќа во рамките на конгресот на ЕПП, Жозеф Дол беше резибрана за претседател на ЕПП, со 96 отсто од гласовите.

Конгресот денеска продолжува со избор на потпретседатели, генерален секретар и благајник на ЕПП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.