Груевски: Во наредните четири години ќе отвориме 70.000 работни места

места

Лидерот на партијата Никола Груевски синоќа истакна дека во изминатиот период креирани се околу 160.000 нови работни места, од кои само во последните две години 39 000 нови работни места.

Во наредниот период невработеноста ќе биде дополнително намалена. Нашата цел е до крајот на 2020 година да ја намалиме стапката на невработеност на ниво помеѓу 17 и 18%, што е остварливо доколку нема нови кризи во европската и во светската економија, како и домашни политички кризи како сегашната. Тоа значи дека во следните четири години ќе се креираат околу 70.000 нови работни места, потенцираше Груевски.

Тој додадека дека намалувањето на невработеноста, од претходните високи 38,7%, во периодите на претходните влади,  на 24,0% во 2016 година е нивниот најуспешен резултат.

Нова програма на ВМРО-ДПМНЕ е најобемна, детална и сеопфатна досега. На 500 страници се наоѓаат проекти со конкретни рокови за реализација во наредните четири години.

Дел од програмата „Реално 2017-2020, работа, сигурност, напредок“ се проектите за повисоки плати, повисоки пензии, 600 милиони евра за земјоделски субвенции, нови автопатишта, пруги и нови енергетски капацитети, поголема финансиска поддршка за компаниите, како и многу поволности за започнување на бизнис и намалување на невработеноста…