Груевски: Во нашите гради бие срце македонско, излезете гордо и гласајте со крената глава

Народот ќе си ја врати власта во Македонија. За Македонија секогаш ќе се бориме! ние немаме друга земја, и не сакаме да имаме!, ама и оваа наша земја никому не ја даваме, затоа што во нас бие срце македонско, во нашите гради, изјави вечерва од Драчево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Затоа, наместо со страв, јас смело и со храброст порачувам, нема сила која што ќе го уништи ВМРО. Ние од битка не бегаме, туку смело и пристапуваме. Не 100, туку 100 илјади од нас прислушувајте, вие не можете да не заплашите, не можете да не натерате да ги свиеме главите и не можете и нема да ја скршите нашата кичма! Нивната порив и ниска страст ќе помине. Ова што денес го прават нема да се заборави, бележиме и евидентираме, рече Груевски.

Груевски порача дека солзите на детето и жената од Свети Николе кои го гледаат таткото и мажот како е тепан од разулавена толпа на глутница квазијунаци нема да ги заборават.

-Скршените черепи ќе заздрават, ама нема да се заборават. Запалените возила и запалените куќи нема да ги избиршат нашите спомени и нашиот непокор. Вперените пиштоли во глава нема да не застрашат, затоа да ги збиеме редовите, рамо до рамо, срце до срцем, рака за рака, обединети и единствени ништо не ни можат. Јадрото мора да е цврсто, затоа што ние сме слободни, слободоумни, пркосни, корави и храбри Македонци!, рече Груевски.