среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 49

Груевски во неготинско – се решаваа проблеми на терен

guevski

Последни вести

Премиерот Никола Груевски доцна синоќа ја заврши посетата на Неготино и неготинскиот регион.

По селото Криволак, Груевски освен на камен темелникот на индустриската зона во Неготино ги посети и жителите на селото Долни Дисан.

Стотици жители го пречекаа Груевски сред село и му изразија благодарност за посетата која беше токму на чествувањето на празникот Св. Арнахгел Михаил, кој е и нивна селска слава.

Топло добредојде и разговор за нивните потреби и барања, како и решенија на проблеми беше дел од посетата.

Жителите на Долни Дисан, на премиерот и градоначалникот на Неготино им се заблагодарија за изградбата на патот до селото, фекалната канализација и водоводната мрежа, како и за реконструкцијата на училишната зграда која е во тек.

Граѓаните го истакнаа проблемот со водоснабдување. Беше истакнато дека набрзо ќе следи решавање преку реализација на два проекти. Наредната година ќе се реконструира пумпната станица Марена, проект вреден околу 30 милиони денари, додека вториот проект предвидува изработка на крах од водоснабдителниот систем со кој ќе се опфати областа Дисанија.

Исто така беше посочена потребата за изградба на пат за селото Вешаје за што градоначалникот истакна дека механизацијата работи со засилено темпо и до крајот на април ќе биде пуштен во употреба новиот пат.

Земјоделците побараа доколку може како посебна категорија да бидат вклучени како кредитоспособни и за проектот „Купи куќа-купи стан“, за што премиерот им вети дека ќе се разгледа ова барање и доколку постои можност да им се излезе во пресрет.

Најчитани вести