Груевски: Во „Новата Ера“ предвидуваме раст на економијата од 4 проценти, и отворање на нови 170 илјади работни места

Додека ја лажеа јавноста за се и сешто, додека ги склучуваа штетните договори и додека ни правеа политички хајки и прогони, ние тоа време го искористивме за да ја зацврстиме партијата, да ја реорганизираме и кадровски да ја зацврстиме, вели Никола Груевски на вечерашниот митинг во Вевчани.

Видовме дека од оваа Влада народот аир нема да види и затоа седнавме и четири месеци работевме за проекти за наредната декада, сработивме нова визија која што се вика „Нова Ера“, оваа ера ќе биде за нови победи, успеси, ново утро, нови работни места. Овој документ предвидува отворање на нови 150 илјади работни места во Македонија и ако во минатото отворивме нови 173 илјади работни места, бидете сигурни дека во наредните години ќе вработиме нови 150 илјади работни места. Невработеноста според новата визија планот е да падне под 10 проценти на невработеност, а истата оваа земја ја наследивме со 40 проценти на невработеност, а ја оставивме со околу 22 проценти, а со новата ера ќе ја симнеме невработеноста на 10 проценти. За таа цел предвидуваме просечен раст на економијата од 4 или повеќе проценти и со тоа ќе се обезбедат нови работни места, потенцираше Груевски.

Тој истакна дека во наредната декада барем еден универзитет од македонските ќе влезе во првите 200 на Шангајската листа која што е најреферентна листа во светот.