сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 26

Груевски во Париз се потпиша во книгата на жалост за жртвите на терористичкиот напад

Нападите во Париз се напади врз целото човештво, врз мирот и слободата и врз принципите и вредностите кои ги живееме. Тероризмот не смее и нема да победи, напиша Груевски

Груевски во Париз се потпиша во книгата на жалост

Груевски во Париз се потпиша во книгата на жалост

Поврзани вести

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денес во амбасадата на Република Франција во Македонија се потпиша во книгата на жалост која е отворена по повод терористичките напади во Париз во кој животот го загубија и беа ранети голем број на недолжни граѓани.

Премиерот Груевски веднаш по терористичките напади испрати и телеграма со сочуство до својот француски колега во која истакна декамислите и молитивите на македонските граѓани се со францускиот народ. Нападите во Париз се напади врз целото човештво, врз мирот и слободата и врз принципите и вредностите кои ги живееме. Тероризмот не смее и нема да победи, напиша Груевски додавајќи дека потребни се заедништво, солидарност и одлучност во напорите за елиминирање на оние сили кои шират терор и насилство и кои се закана за секоја држава.

груевски

груевси2

Најчитани вести