Груевски во посета на Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“

Премиерот Никола Груевски, денеска, ќе го посети Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“, Петровец.

На настанот ќе присуствува и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во придружба на челните луѓе на МВР.

При посетата предвидено е да се  разгледаат просториите во Центарот за обука каде што се одржуваат обуките за пилоти, a ќе бидат презентирани и техничките можности на опремата за обука, како и концептот на обуката за пилоти кандидатите за пилоти што ќе се пријават на неодамна распишаниот конкурс на МВР.

Почетокот на настанот е предвиден за 12 часот.