Груевски во посета на фабриката „Текспорт“ во Виница

Премиерот Никола Груевски, денес го посети новиот објект на фабриката на австриската компанија  „Текспорт“ во Виница, во која работат 130 лица.

Груевски во посета на фабриката „Текспорт“ во Виница
Груевски во посета на фабриката „Текспорт“ во Виница

Премиерот изрази задоволство што покрај оваа фабрика, која е изградена во индустриската зона во Виница, се градат и нови капацитети, а особено го потенцира, како што рече, сериозното намалување на невработеноста во овој град. Во разговор со раководството на компанијата тој рече дека бил информиран дека се потешко доаѓаат до нови работници.

Груевски во посета на фабриката „Текспорт“ во Виница
Груевски во посета на фабриката „Текспорт“ во Виница

Фабриката „Текспорт“, покрај овој  нов новоизграден објект  и пуштен во употреба во август годинава во Виница има и погон во Кочани, а произведува хтз опрема која е наменета за европскиот пазар, како и за пазарите во Бразил и Саудиска Арабија.

Груевски во посета на село Јакимово
Груевски во посета на село Јакимово

Премиерот Груевски посетата на општина Виница ја заокружи со средба со жители во село Јакимово.