Груевски во посета на градежните активности на автопатот Демир Капија-Смоквица

Претседателот на Владата, Никола Груевски, денеска ќе ги посети градежните активности на автопатот Демир Капија – Смоквица кај клучката Миравци.

Потоа, премиерот Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на водовод со резервоар за водоснабдување и канализационен систем со пропратни објекти во населеното место Ѓавато, општина Богданци.