Груевски во посета на Кавадарци и Росоман

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска (ќе оствари посета на општините Кавадарци и Росоман.

Се планира во општина Росоман Груевски да присуствува  на пуштање во употреба на спортска сала во основното училиште „Пере Тошев“, како и на пуштање во употреба на новоизградено подрачно училиште во село Паликура.

Во општина Кавадарци Груевски ќе ја посети фабриката „Дрекслер Маер“, а се планира да присуствува и на пуштање во употреба на локален пат село Страгово – село Крњево.