Груевски во посета на Куманово и Старо Нагоричане

Премиерот Никола Груевски, денес ќе оствари работна посета на општините Куманово и Старо Нагоричане.

Агендата на Груевски за настани е следна:

– во 13:00 часот, средба со жителите на село Романовце;

– во 13:25 часот, посета и увид во градежните активности за реконструкција на основното училиште „Толи Зурдумис“, Куманово;

– во 13:40 часот, посета на објектот на реконструираното основно училиште „Браќа Миладиновци“, Куманово;

– во 14:00 часот, средба со жителите на населбата Гоце Делчев, Куманово;

– во 14:35 часот, средба со жителите на село Младо Нагоричане;

– во 15:05 часот, средба со жителите на село Старо Нагоричане;

– во 15:30 часот, увид во градежните активности за изградба на локалниот пат село Никуљане – село Челопек и средба со жителите на село Никуљане и

– во 16:20 часот, средба со жителите на село Пчиња.