Груевски во посета на општина Долнени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска ќе оствари посета на општина Долнени.

Предвидено е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да присуствува на поставувањето камен темелник за изградба на локалниот пат село Дупјачани до село Небрегово.

Тој исто така ќе оствари посета на спомен куќата на Блаже Коневски во с. Небрегово, потоа ќе изврши увид во активности при реконструкција на Дом на култура во село Ропотово.

Исто така, Груевски ќе изврши увид во активности при изградба на повеќенаменско игралиште и ќе оствари средба со жителите на село  Ропотово и увид во активности при изградба на регионален пат с. Ропотово – с. Црнилиште – с. Лажани.

За крај на посетата предвидено е Груевски да оствари посета на реконструираниот монашки конак и партерно уредување во Манастирскиот комплекс “Св. Преображение” во селото Зрзе и посета на патниот правец с. Костинци – с. Зрзе – Манастир “Св. Преображение”.