Груевски во посета на општина Гази Баба

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски, денес ќе оствари посета на Општина Гази Баба.

Според предвиденото, Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на спортска сала во ОУ „Крсте Мисирков“ во населба Ченто.

Исто така лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструирана улица „Антон Велковски“ и ќе оствари средба со жителите на село Стајковци.

Се планира, Груевски да оствари увид во градежните активности при санација и реконструкција на улица „Алија Авдовиќ“ со атмосферска канализација и средба со жителите на село Сингелиќ;

Во рамки на посетата на општината, Груевски ќе присуствува на отпочнување на градежни активности за санација и реконструкција на ул.”10″ и ќе оствари средба со жителите на село Инџиково.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.