Груевски во посета на општина Ѓорче Петров

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на општина Ѓорче Петров.

Во 12:00 ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на повеќенаменско игралиште во населба Дексион, а во 12:20 ќе присуствува на пуштање во употреба на повеќенаменско игралиште во населба Даме Груев.

Во рамки на посетата, Груевски во 12:45 ќе оствари средба со жителите на село Волково, а веднаш по тоа во 13:10 часот ќе изврши увид во активности при изградба на локален пат село Волково – село Орман и ќе оствари средба со жителите на село Орман.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.