вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 38

Груевски во посета на општините Струга и Вевчани

gruevsi-struga

Последни вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес ќе оствари посета на општините Струга и Вевчани.

Според најавите тој  ќе изврши увид во активности при доградба на спортска сала во ОУ „Климент Охридски” во селото Дрслајца, струшко, а во Лабуништа ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на спортска сала во ОУ „Мурат Лабуништа”.
Планирано е Груевски да оствари посета на доградба на амбуланта, како и да се сретне со жителите на Лабуништа.
Во Вевчани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на отпочување на уредување на кејот на реката Вевчанска и уредување на патот до спортска сала, градинка и училишна зграда, а ќе оставри средба со жителите на Вевчани.
Планирано е да изврши увид и во активностите за изградба на канализација во Вевчани.
Груевски оствари посети и на изградена трибина на Отвореното ракометно игралиште во Струга, а ќе го посети Детското одморалиште „25 Мај” Струга во кое летуваат деца од семејства со социјален ризик.

Најчитани вести