Груевски во посета на ОУ „Наум Н. Борче“ каде се донира помош за поплавеното население

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски придружуван од министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и генералниот сектерат на Црвениот крст Саит Саити денес го посетија основното училиште „Наум Наумовски Борче“ во Маџари каде се собира хуманитарна помош за настраданите од поплавените подрачја.

-Се разговараше околу обештетувањето, Комисиите веќе се започнати да одат на терен. Заклучено е во наредните два дена да се направи план, да се провери колку средства се потребни за најоштетните и Министерството за финансии да даде одреден предлог во наредните два дена. Очекуваме да се заработи комплетен предлог околу авансно обештетување, истакна министерот Спасов.

Тој информираше дека извршена е и детална распределба на 1.000 водни пумпи кои пристигнаа вчера, како и на голем број механизација.

-Денес е денот кога имаме најмногу работници и механизација. Само во Стајковци имаме околу 1.000 работници кои работат и околу 50 тешки машини кои се на терен и собираат отпад. Разговарано е и да се започне со дезинфекција, потенцираше Спасов.

gruevski-nnborce1

Саити информираше дека Црвениот крст има подготвено пакети со храна за дневна основа и за подолг период (кои би се делеле кога ќе бидат создадени услови за дел од граѓаните сами да приготвуваат храната).

-Како Црвен крст имавме добри залихи со нова неупотребувана облека, голем дел од тоа се подели деновиве, тоа е прекупотребно. Има донации од многу луѓе. За три дена преку телефонскиот број за донации 143-400  и жиро сметката собрани се 22 милиони денари, вели Саити.Н