Груевски во посета на Прилеп и Македонски Брод

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на општините Прилеп и Македонски Брод.

-во 11:15 часот ќе изврши увид во активности при изградба на експресен пат “Градско-Прилеп”(после Росоман, пред тунелот за на кај преминот Плетвар);

-во 11:45 часот ќе присуствува на отворање на фабрика за автомобилски делови на компанијата “Гентерм” во Прилеп;

-во 13:05 часот ќе оствари посета на изграден локален пат во с.Волково, О.Прилеп;

-во 13:25 часот ќе оствари посета на реконструираното интерно одделение во Општа болница Прилеп;

-во 14:00 ќе изврши увид во активности при реконструкција на Градски стадион “Гоце Делчев” Прилеп;

-во 14:25 ќе изврши увид во активности при изградба на спортска сала во ОУ “Добре Јованоски” во Прилеп;

-во 15:55 ќе изврши увид во активности при изградба на канализациони системи во Прилеп;

-во 16:10 ќе оствари посета на новоизградени улици, ќе изврши увид во активности при изградба на плоштад како и ќе оствари средба со жителите на с. Големо Коњари, О. Прилеп;

-во 17:45 ќе оствари посета на реконструиран локален пат с.Лаг – с.Могилец, О. Македонски Брод;

-во 18:30 ќе изврши посета на реконструирани улици, ќе изврши увид во активности при изградба на повеќенаменско игралиште и ќе оствари средба со жителите на с. Самоков, О. Македонски Брод.