Груевски во работна посета на охридско

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека денеска лидерот на партијата, Никола Груевски ќе оствари работна посета на Општина Охрид.

– во 12:30  ќе присуствува на промовирање на три фасади на објекти од старата градска архитектура (во близина на куќата на Уранија, во центарот на градот);

– во 13:00  ќе оствари посета на Св.Климентовиот Универзитет – Плаошник;

– во 13:40 ќе изврши увид во активности при изградба на единечен и двоен тениски терен и повеќенаменско игралиште во СЦ “Билјанини извори”;

– во 14:00  ќе изврши увид во активности при изградба на пешачка патека од канал Студенчишта до х.Парк;

– во 14:20  ќе оствари средба со жителите на с.Коњско.