Македонија

Груевски: Во разговорот водилка ни беше Македонија и нејзиниот народ

Груевски: Во разговорот водилка ни беше Македонија и нејзиниот народ
Груевски: Во разговорот водилка ни беше Македонија и нејзиниот народ

Водилка во овие разговори денес беше Македонија и нејзиниот народ, рече премиерот Никола груевски на прес-конференцијата по постигнатата спогодба.

– Македонија не’ познава добро и нас и нив и ќе одбере мудро, согласно принципите и вредностите во кои верува. Јас сум сигурен дека на 24-ти април народот најмасовно досега ќе ни ја даде поддршка нам, рече груевски.

Како што рече, мнозинството граѓани повторно во април ќе им ја дадат поддршката и тоа ќе биде историска поддршка и историска победа.

– Затоа што никогаш не ги изневереивме и затоа што знаат дека тоа е тимот кој носи напредок и успех за Македонија, кој носи нови работни места, инвестиции, поголеми пензии и плати, земјоделски субвенции, стабилност во државата и европска и евроатлантска перспектива, рече Груевски.