Груевски: Во Скопје се гради со полна пареа

Груевски: Во Скопје се гради со полна пареа
Груевски: Во Скопје се гради со полна пареа

Активно се работи на изградбата на водоводот во општината Шуто Оризари. Оваа инвестиција вредна 3 милиони евра, ќе го реши проблемот со водата за пиење на околу 40 илјади жители.

Изградабата на водоводот го почнавме со месец јуни и оди со одлична динамика, според планот. Во моментот се работи на изградба на резервоарот и на препумпната станица. Така што, некаде во третиот квартал следната година, односбо втората половина на следната година треба да биде целосно завршен и жителите на ова населено место да добијат вода во своите домови од овој нов систем и да престанат проблемите на жителите на Шуто Оризари, кои се поврзуваат со недостаток на вода особено во летните периоди, истакна премиерот Никола Груевски, по започнувањето со градба на спортската сала во општината Шуто Оризари.

Груевски потсети дека неодамна во Шуто Оризари беше пуштено во употреба новоизграденото средно училиште, кое е прво средно училиште во општината, а исто така беа направени и две големи доградби на две други основни училишта.

Се гради секаде во Скопје. Моментално има градба на проекти кои се започнати или објавени во износ од околу 27 милиони евра. Се гради од Ѓорче Петров оние 15 улички, кружниот тек, се изгради катаната гаража „Тодор Александров“, паркот Македонија, се започна градбата на „Трета Македонска Бригада“, парк шумата Гази Баба, други улици и булавари се градат и прошируваат. Има многу активности и на Владата и на општините и на Градот Скопје. Во Скопје се гради со полна пареа, а општината Шуто Оризари е со посебно внимание затоа што овде недостасувале и се уште недостасуваат некои основни инфраструктурни работи, додаде Груевски.