Груевски во Скудриње: Асфалтиран е патот за селото- едно од многуте реализирани ветувања

Го посетив и Скудриње. Топло добредојде од жителите на ова населено место и искрен разговор на повеќе теми, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска е во посета на мавровско-реканскиот крај и регионот на Центар Жупа.

-Асфалтиран е патот за село Скудриње кој минатиот пат кога бев во посета се градеше.
Ова е едно од многуте ветувања кој се реализираа и беа на барање на граѓаните, слушнати при теренските посети, пишува Груевски на својот Фејсбук профил.