Груевски во Студеничани, се решаваат проблемите на граѓаните

По посетата на Груевски  на 6 населени места во општина Студеничани, институциите со решенија за проблемите посочени од граѓаните, пишува „Курир“.

Премиерот Груевски при посетата на мултиетничката општина Студеничани осствари средба со граѓани во населените места Морани, Студеничани, Долно Количани, Љубош, Батници и Цветово. Граѓаните, Македонци, Албанци, Бошњаци, Турци и од останатите националности му посакаа топло добредојде на Груевски и му ги раскажаа проблемите со кои се соочуваат нивните населени места.

Груевски ги ислуша и посочи дека се што може ќе се направи за да тие се надминат. Денес институциите веќе започнаа да делуваат, објави порталот.

Во Моране граѓаните побараа продолжување на автобуската линија до центарот на нивното населено место
Во Моране граѓаните побараа продолжување на автобуската линија до центарот на нивното населено место

Во Моране граѓаните побараа продолжување на автобуската линија до центарот на нивното населено место, а веќе денес градот Скопје обезбеди автобусите да се обраќаат до населеното место и точката која ја побараа граѓаните.

Главниот проблем на жителите на Долно Количани беше проблемот со водата за пиење.  Тие велеа дека општината на чело со градоначалникот Асем Садики не може да најде решение . Иако Груевски рече дека не е човек кој лесно дава ветувања, денес веќе на терен беа екипите на водовод кој треба да направат детално скенирање на состојбите и заедно со министерството за транспорт и врски, и претставници на општината Студеничани и долно Количани да дефинираат решение. До четврток треба веќе да има првични сознанија и предлози за решенија по што градоначалникот на град Скопје и  Општина Студеничани треба да имаат состанок со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Градот Скопје и ЈП „Улица и патишта“ веќе започнаа со подготовки при што за одреден период ќе излезат на терен и ќе ги асфалтираат двете улици во Љубош кои ги побараа граѓаните, а треба да бидат готови  до 11 Октомври.

Исто така веќе утре жителите на Љубош се на состанок  во Министерството за образование каде со заменик министерот Спиро Ристовски треба да разговараат за изнаоѓање на решение за можноста за отворање на училници односно паралелки во ова село со цел растоварување на подрачното училиште.

Груевски вчера освен посетата на граѓани ја посети и општината Студеничани при што оствари средба со претседателот на Совет и директорите на општинските претпријатија. Еден од нив побара доколку може градот Скопје да стави на времено користење едно возило за собирање на смет.

Од градот Скопје очекуваат општината Студеничани да поднесе барање до градот Скопје и комуналното претпријатие при што се очекува од октомври да им биде ставено на времено располагање возило за собирање на смет.

За еден месец ќе биде готов проектот за изведба на мостот до населеното место Цветово
За еден месец ќе биде готов проектот за изведба на мостот до населеното место Цветово

Исто така од Министерството за транспорт и врски посочуваат дека за еден месец ќе биде готов и проектот за изведба на мостот до населеното место Цветово кој исто така беше посочен од граѓаните.

Изминатиов период, Груевски во придружба на министри, директори и градоначалници, посети низа населени места. Тој ги ислушува граѓаните за проблемите со кои се соочуваат и уште на терен се наоѓаат решенија за истите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.