Груевски во увид на состојбата во поплавените Новаци и Могила

Премиерот Никола Груевски денеска ги посети поплавените подрачја во општините Новаци и Могила.

n5

Груевски одржа состанок со локалниот кризен штаб во општината Новаци, на кој присуствуваа градоначалниците на општина Битола, Владимир Талески, на општина Новаци Лазар Котевски и на општина Могила Стево Пивковски.

Во Могила  премиерот Груевски го посети оштетениот мост на река Шемница, а ги посети и поплавените локации во прилепското село Ношпал.

-Штетите на земјоделските површини се големи, но брзата реакција на Владата спречи надојдената вода да стигне до куќите и да направи поголеми штети на покуќнината, истакна премиерот Груевски.

Премиерот оствари средба и со претставници на земјоделците од битолскиот регион.

zemj

Видео: Канал5