петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 76

Груевски: Време е за крај на кризата! (ВИДЕО)

Затоа на овие избори ќе бараме најмасовна поддршка до сега. Затоа што мора да се испратат повеќе пораки до повеќе адреси. Вие сте столбот на нашата држава, кој остана цврст и покрај сите предизвици изминатиов период, порача Груевски.

vmro-miting-boris-trajkovski-2016-12-custom-640x426

Последни вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот профил на Фејсбук преку видеопорака им се обрати на граѓаните.

На прашањата што е најбитно во секоја работа, што е најважно за успех, што ви помага во работата, што ви е најбитно во работата, работниците одговараат дека нивната работота им е највредна, а целта е да се биде подобар од конкуренцијата.

„Секоја работа има своја тежина и големина и за секој работник неговата работа е највредна. И така е, и тоа треба да се почутува и вреднува. Проблемите и предизвиците со кои се соочува работникот во фабрика или еден земјоделец на нива, доктор во ординација, учител на настава, се еднакво тешки и повеќеслојни како што се и моите и како премиер до неодамна и како претседател на најголемата партија. И сите ние имам обврска да се бориме да успееме, работникот за да направи подбар прозивод, земјоделецот да произведе поголем квалитет, докторот да излекува, учителот да образува, а јас да ја реализирам програмата која одговорно ви ја ветувам на избори“, вели Груевски во пораката.

 

Треба да се има визија и одговор на ризиците и предизвиците и подметнувањата, да се учи од сопствените грешки, зашто нема човек кој не згрешил, за да се биде уште подобар им порача Груевски на граѓаните и нагласи дека е време за крај на кризата и дека ВМРО-ДПМНЕ почнува интензивно да работи на терен.

Почнуваме силно на терен, како никогаш досега. Ќе пробаме да допреме до секој еден граѓанин, до секое едно семејство за да ја пренесеме нашата порака, да ве погледнеме во очи и да ви кажеме кои се нашите планови и идеи како да го направиме вашиот живот подобар, како да ја направиме нашата татковина попросперитетна и подобро место за живеење. Ние ја имаме таа обврска и никој не може да ја сака нашата татковина повеќе од нас самите кои тука живееме, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од големиот партиски собир.

Ние имаме план и програма со конкретни чекори, ја имаме најобемната програма досега фокусирана на нови работни места и многу нови инвестиции и проекти во повеќе области од земјоделие, млади, здравство, образование, социјала и пензиите, инфраструктурата. Ние почнуваме, рече Груевски на големиот народен собир што се одржа во неделата во СРЦ „Борис Трајковски“. По неговата најава, раководството на владејачката партија започна средби со граѓаните.

Многу работи се случија изминативе 2 години на постојана криза и дестабилизација, обиди за разорување на државата, но ние заеднички со вас, како што викаат старите кроце по кроце, стигнавме до изборите кои сите ги посакувавме и кои ќе бидат крај на кризата. Затоа на овие избори ќе бараме најмасовна поддршка до сега. Затоа што мора да се испратат повеќе пораки до повеќе адреси. Вие сте столбот на нашата држава, кој остана цврст и покрај сите предизвици изминатиов период. Сетете се само низ што се поминавме. Време е за одговорот, за заедничкиот одговор – повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од големиот партиски собир во Скопје.

Најчитани вести