понеделник, 9 јануари 2017  |  Вести денес: 12

Груевски за Дневник: Влада да, но не по секоја цена

Денеска истекува рокот кога претседателот на државата Ѓорге Иванов треба да го даде мандатот за формирање влада на победничката партија на изборите. Во саботата, албанските партии од Македонија излегоа со услови чие исполнување е потребно за влада воопшто да се формира со нивна партиципација. За новата ситуација Дневник разговараше со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

цена

Поврзани вести

Ќе се обидам да составам влада, но не по секоја цена. Ако се оди по досегашните установени принципи во Македонија, би требало да составам влада. Ако се прекршат, сè можно, вели во интервјуто за „Дневник“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод платформата што ја објавија албанските партии од Македонија, а чие ис- полнување е услов за тие да коалираат со една од двете македонски партии во идната влада.

Помеѓу албанските партии се креира заедничка платформа за настап. Се создава атмосфера овој пат да не коалираат со ВМРО-ДПМНЕ.

-Да, повторно таа атмосфера како и во минатото и сега се создава од медиумите и лицата што водат или припаѓа- ат или се соработници на НВО финансирани од Институтот отворено општество. Вмешувањето на некои странски политичари и дипломати во приказната е дел од истата операција, водена од еден центар. Сепак, одлуката ќе биде наша, на ДУИ и на другите партии, и никој нема право да каже дека некој друг му сугерирал или му вршел притисок затоа што на крајот финалната одлука е наша.

Многу албански политичари и аналитичари тврдат дека албанскиот електорат посакува влада водена од СДСМ со албанските партии?

-Во 2008 година македонскиот електорат, особено вмровскиот, не сакаше коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, па таа се случи најмногу затоа што Албанците во Македонија сакаа ДУИ да ги застапува во владата…

Но овој пат и албанските медиуми се на ист став?

-Да, исто како во 2008 кај македонските медиуми.

Велат и членството на ДУИ не сака коалиција со ВМРО-ДПМНЕ?

-Не знам дали така размислува членството на ДУИ, но знам како размислуваше членството на ВМРО-ДПМНЕ во 2008, па донекаде и во 2011 и 2014. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ тогаш одлучи да коалира со ДУИ затоа што беше очиглед- но од изборите дека мнозинството граѓани Албанци сакаат ДУИ да е во владата.

Но не беше така во 2006?

-Во 2006 не можеше ни да биде поинаку бидејќи не само што воопшто не се познававме, туку с` уште беа свежи нашите спротивставености од времето на конфликтот во 2001 година, кога бевме на две спротивни завојувани страни. Сепак, и ние политичарите, но подоцна и нашите електорати најдовме сила да ги надминеме тие предизвици.

Сепак, ДУИ сега може да донесе поинаква одлука?

-ДУИ има право да донесе каква сака одлука. Исто како и ние.

Сакате да кажете дека во иднина не би коалирале со нив ако сега донесат одлука да не одат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ како партија која доби најмногу гласови и пратеници?

-Мислев генерално дека секој си носи одлука самиот, но ако сакате ќе одговорам и на ова прашање. Ако сега ДУИ отиде во коалиција со втората наместо со првата партија, со поразениот наместо со победникот, секако дека тоа ќе значи утврдување на една нова практика и традиција во Македонија, на која ние секако ќе се приспособиме, не само сега, туку и во иднина.

Значи, ако сега ДУИ не коалира со ВМРО-ДПМНЕ како победник, на следните избори ако победите, нема да бидат дел од владината коалиција?

-Ако ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија биде изиграна од ДУИ, независно кои ќе бидат причините за тоа, биде- те убедени дека наскоро ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата во владата и тоа најмалку два мандата по ред. И ќе бидеме без каква било обврска при составувањето на владата.

Што ако СДСМ сега им понуди подобри услови за коалирање?

-Поразениот обично нуди подобри услови. Поинаку не може ни да биде. Во 2008 и во 2014 и без ДУИ и без ниедна друга албанска партија ВМРО-ДПМНЕ можеше да формира влада. Прашањето е дали ќе постапуваме по принципи- те што до вчера ДУИ ги заговараше јавно или ќе ги смениме. Ние сме подготвени за двете варијанти. Но, не само на овие избори, туку и во иднина.

Но шест албански партии, односно три партии и една коалиција составена од три партии, излегоа со заедничка платформа?

-И ние и во минатото, и сега и во иднина ќе бидеме речиси 25 партии во коалиција со заедничка платформа. Ако сакаме да ја играме играта со платформи, нема проблем, така ќе тераме отсега.

Ахмети изјави дека за него најважни се интересите на Албанците и платформата на сите албански партии?

-За мене најважни се интересите и на Македонците и на сите граѓани на Македонија, вклучувајќи ги и Албанците. Инаку, верувам дека се свесни дека во коалиција со СДСМ, платформата што им ја составуваа, политички може да му помогне најмногу на СДСМ кај албанскиот електорат.

А зарем нема да им помогне на Албанците во Македонија?

-На Албанците во Македонија нема да им помогне ако имаат двојазичност на цела територија, вклучувајќи ги и Делчево, Берово, Гевгелија или Кавадарци. Ним може да им помогне ако во наредните четири години се отворат уште 100 или 150 нови фабрики, и се вработат илјадници луѓе, ако стандардот почне да расте и имаат поубав и пок- валитетен живот, ако пораснат пензиите, платите, субвенциите, социјалната помош, ако се изгради потребната ин- фраструктура, ако добијат поддршка за градба на куќи, ако се направат многу реформи и земјата се придвижи напред.

Сепак, двојазичност на цела територија е нешто што е цел на ДУИ и албанските партии и можеби ќе направат с` што е во нивна моќ да ја остварат, макар и биле некој период во коалиција со СДСМ, па и по цена на помалку ра- ботни места за да го реализираат зацртаното.

-Двојазичност на цела територија и кантонизација не може да биде реализирано ако ВМРО-ДПМНЕ е против.

Како ќе го спречите тоа ако направат коалиција со СДСМ и сите албански партии?

-Знаат во ДУИ како.

Па, добро кажете ни и нам.

-Ќе ме разберете дека некои наши планови не сакам да ги откријам.

Некои луѓе од раководството на ДУИ, како, на пример, Невзат Бејта, излегоа отворено против коалиција со ВМРО- ДПМНЕ и Вас, велејќи дека сте ги иритирале, понижиле и навредиле Албанците и дека сте употребиле речник против Албанците. Тој кажа дека не сретнал Албанец кој рекол ,,да“ за владеењето на Никола Груевски.

Албанците не сме ги навредиле со ништо, а уште помалку сме ги понижиле, и за тоа говорев многу во моето прет- ходно интервју што деновиве се објавуваше. Дали некого сме иритирале не знам, но ако сме го иритирале со неш- то, сигурно не било намерно и свесно. Во однос на тоа дека Бејта не сретнал Албанец што рекол ,,да“ за владеењето на Никола Груевски, не можам да ко- ментирам, но знам дека јас познавам многу такви кои мислат и анализираат со своја глава, а не со сервирани ин- формации од албанските медиуми и платеници на Сорос. Еден од оние Албанци што ги познавам и кој се истакнуваше во тоа е токму Невзат Бејта.

Во што тоа се истакнувал Бејта?

-Тој беше дел од владата што ја предводев и можам да кажам е еден од оние албански политичари кои со највоз- вишувачки зборови говореле за мене и за мојата работа, не само во нашите неформални разговори, туку и на сед- ниците на владата што сигурно стои низ стенограмите. Има една реченица која многу често ја повторуваше, особе- но откако му заврши мандатот во владата и кога стана градоначалник, а тоа е дека многу научил од мене говореј- ќи го тоа во најпозитивната смисла на зборот, и ми раскажуваше и дека тоа им го говорел и на Македонците во Гостивар, а особено на нашите активисти. Подоцна некои од нив ми го потврдија тоа. Одеше и понатаму кажувајќи што научил, но да не одам во детали, ќе кажам само дека Бејта сигурно од мене не чул и не научил да ги понижува и навредува Албанците.

Колку што се сеќавам, тој по првиот круг на изборите во Гостивар губеше, а во вториот кога се вклучија македонските гласачи победи. Од македонските партии таму ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба?

-Да, така беше. За жал, на последната моја посета на Гостивар забележав големо незадоволство од неговата рабо- та кај Македонците, но и кај Ромите и Турците во Гостивар. Сепак, има уште малку време до мај да го подобри впечатокот со реални проекти и решавања проблеми, и тој и некои други градоначалници на ДУИ кои на секои избори ја бараат поддршката не само од Албанците туку и од Македонците и другите граѓани.

Една од точките во платформата е и работата на СЈО. Каков е Вашиот став за продолжувањето на 18-те месеци на СЈО?

-Имавме преговори летото 2015 година. Сите 4 партии се договоривме и потпишавме одредба со која СЈО ќе има 18 месеци за истражување и евентуално поведување обвинение ако против некој обезбедат докази. Ние испочиту- вавме с` од тој договор. Иако во договорот стоеше дека ќе се назначи специјален јавен обвинител, подоцна тоа, под надворешни влијанија се протолкува како цела институција со 14 обвинители, а еве и 100-ина вработени. Дури наместо 18, добија 3 и пол месеци екстра време, во периодот помеѓу 15 септември и 30 декември 2015, кога објаснуваа дека им требало време да се екипираат, да набават сеф за креираните снимки, па мал бил тој сеф бараа поголем, па видовме дека им требало простор колку за три видеоленти, и слични лажни изговори. Во ред, добија три и пол месеци повеќе, период во кој тие работеа, бидејќи сите објавени снимки ги имаа на интернет и порталите. Два месеца подоцна, во февруари 2016 година, отпуштија две обвинителки од вкупно 14 обвинители со образложе- ние дека немаат толку многу работа за толку многу обвинители. Јавно го кажаа тоа.

Најчитани вести