Груевски: За излез од кризата, неопходни се избори на 24 април

Груевски: За излез од кризата, неопходни се избори на 24 април
Груевски: За излез од кризата, неопходни се избори на 24 април
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски го запозна својот соговорник со актуелната политичка состојба при што посочи дека престојните избори на 24-ти април се неопходни поради излез од наметната политичка криза и добивањето на стабилна влада, која е клучен елемент за продолжување на реформите и мерките насочени кон подобрување на стандардот на граѓаните како и справување со предизвиците поврзани со мигрантската криза.

gruevski kunders1

Груевски изрази уверување дека за ВМРО-ДПМНЕ суштински важно е изборите на 24-ти април да бидат фер и демократски при што ќе биде испочитувана волјата на мнозинството граѓани. Тој посочи дека граѓаните се тие кои ќе одлучат на избори за иднината на земјата и дека изборите како такво се врвно демократско право.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски посочи дека и понатаму стратешка цел претставува членството во Европската Унија и НАТО како и примена на принципите и вредностите кои произлегуваат од оваа стратешка цел.

Соговорниците ги потврдија добрите и пријателски односи меѓу двете држави кои се карактеризираат со взаемно почитување и поддршка.