Груевски: За медиумите ќе прифатиме само европски искуства, а не нешто што никаде го нема

Премиерот Никола Груевски денеска при својот говор на свечената Академија по повод Свети Климент истакна дека владејачката партија нема да прифати законски измени или нов закон за медиумите кој не постои во ниту една европска земја, членка на ЕУ.

-Нашите позиции се принципиелни и реални. За медиумската сфера, иако има соодветен закон кој е донесен од страна на Собранието во тесна консултација, координација и соработка со Европската Унија и кој од страна на претставникот на ОБСЕ беше оценет со зборот ОДЛИЧЕН, и за кој освен ЕУ и ОБСЕ, и Советот на Европа даде позитивни оценки, ние сме подготвени да прифатиме измени на закон или нов закон, но само ако таков закон постои во било која европска земја, членка на ЕУ, и кој ќе биде прифатен од оние на кои се однесува, на медиумите и новинарите. Поевропски од ова нема, поевропски здравје! Кој закон сакаат од земја членка на ЕУ таков ќе прифатиме. Но не нешто што никаде го нема.