вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 45

Груевски: За медиумите нека изберат кое сакаат законско решение од земја членка на ЕУ ние ќе го примениме

gruevski-sitel-1

Поврзани вести

Во делот на медиумите, ние веќе како четири најголеми партии во Македонија, донесовме измени пред неколку месеци на Изборниот закон во кој што го регулиравме работењето на медиумите за време на Изборниот процес и тоа веќе не е прашање, тоа се усвои во Парламентот, гласаа сите партии и нема никакво прашање во однос на работењето и регулирањето на медиумите за време на изборите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.

Она што сега тие го отвораат е за после изборите, односно како би тие сакале да биде регулирањето и ние тука имаме еден кристално јасен став. Ако сакаме сите земјата да стане членка на ЕУ, ние треба да одбереме која од 28-те земји членки има најдобра регулатива за медиумите. Јас не велам ние да избереме, нека изберат тие, нека изберат во консултации со кого сакаат. Таа држава и тој закон што ќе го изберат ние сме подготвени да го прифатиме, да го гласаме во Парламентот заедно со нив и да биде Закон во Република Македонија, рече Груевски.

Најчитани вести