Македонија

Груевски: За СДСМ ова е уште една нова неуспешна епизода со деструктивно сценарио

Груевски: За СДСМ ова е уште една нова неуспешна епизода со деструктивно сценарио

Со незаконски набавените материјали од странски служби Заев и СДСМ ќе доживеат нова епизода на неуспешно сценарио за насилно преземање на власта, посочи премиерот Никола Груевски од Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Полни со гнев и со омрза кон нас, лути бидејќи со нашата работа се препознава уште повеќе нивното неработтење. Поведени од тој гнев настапуваат постојано со деструктивно сценарио, со навреди и омаловажувања,  со клевети и погрдни зборови, со многу измислени афери, со монти и најкукавички креации, и тоа народот го препознава и затоа губат и ќе продолжат бидејќи не извлекуваат поуки од поразите, туку ги повторуваат грешките, рече Греувски.

Тој додаде дека СДСМ се поврзаа со соросовите институции на Милчин, само заради нивните пари, станувајќи негови заложници.

-Во последниот нивен обид да не прикажат како лоши луѓе, како корумпирани и криминалци, преку сечени и монтирани телефонски разговори кои како што кажа Заев ги прибавил од странска разузнавачка служба. Колку злоба и гнев гледам во очите на тој човек, што однапред сум сигурен дека ќе поминеме низ овој период  кој колку и да е тежок за нас, за нив тоа ќе  биде една нова неуспешна епизода со деструктивно сценарио, најави за насилно преземање на власта, само дополнително укажуваат на нивниот хаос и залутаност во овој процес. Фактот што не водат ни малку грижа за државните и националните интерес, за меѓународниот углед на земјата, за приватноста на оние со кои се изживуваат со креираните метеријали, за меѓуетничките односи, за безбедноста на граѓаните,  заслепени од желбата за власт без заслуга само ни гарантира дека тие така сигурно ќе загубат, толку силно што нема да знаат како да се повратат повторно, рече Груевски.