Груевски за текстот на Гардијан: Не сум изјавил дека Македонија е подготвена за промена на името

Очигледно темата за името станува популарна периодов точно како што претпоставувавме и вакви тенденциозни и погрешни интерпретации од многумина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда се очекувани.

Премиерот Никола Груевски во писмена изјава реагира на насловот на текстот објавен во бртански „Гардијан“ кој што експресно беше преземен од сите портали и медиуми што важат за блиски до СОРОС и опозицијата.

Такво нешто не сум изјавил. И ние ќе реагираме и до Гардијан. Тоа се гледа и од самиот текст кај што е очигледно дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно. Вакви провокации имало и ќе има и ние сме навикнати на тоа. Очигледно темата за името станува популарна периодов точно како што претпоставувавме и вакви тенденциозни и погрешни интерпретации од многумина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда се очекувани, вели премиерот.

Инаку британскиот весник објави текст со наслов: Македонија отворена да го промени името за да се стави крај на 24-годишниот спор. Овој текст веднаш беше превземен од порталите и медиумите што важат за блиски до опозицијата.

Во самиот текст Гардијан ја цитира изјавата на премиерот Груевски кој вели:

 Би сакале што е можно побрзо да отпочнеме дијалог со Грција и да најдеме решение и ако најдеме решение ќе мора да се обратиме до народот и да организираме референдум. Преку дијалог да дојдеме до некое решение и потоа да ги прашаме граѓаните: дали тоа е во ред или не е?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.