среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 42

Груевски за „Телеграф“: Функционерите на ВМРО – ДПМНЕ да не помислат на вршење притисок или заплашување на гласачите

Ги повикувам и охрабрувам сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ да не помислат на вршење притисок или заплашување на гласачите, а и ги охрабрувам да испратат писмени упатства до нивните институции во иста насока, правото на глас е слободно. Сакам да истакнам дека треба да постои нула толеранција за секој поединец кој ја злоупотребува позицијата. Ова меѓу другото го истакнува претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за Телеграф.мк.

gruevski-profilna-640x427

Поврзани вести

Ги повикувам и охрабрувам сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ да не помислат на вршење притисок или заплашување на гласачите, а и ги охрабрувам да испратат писмени упатства до нивните институции во иста насока, правото на глас е слободно. Сакам да истакнам дека треба да постои нула толеранција за секој поединец кој ја злоупотребува позицијата. Ова меѓу другото го истакнува претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за Телеграф.мк.

Тој потсети дека ВМРО ДПМНЕ го смени изборниот законик при што воведе големи казни за сите кои го злоупотребуваат гласачкото право или злоупотребуваат или прават притисок врз гласачите.

ВМРО ДПМНЕ е сигурна во поддршката која ја има од граѓаните и она што го сакаме и бараме се слободни и фер избори. Граѓаните треба да изберат да гласаат и оние кои гласаат треба да направат избор врз основа на програми и кандидати. Веруваме во нашата програма и кандидати. Ги повикувам останатите политички лидери да се обврзат на истото и да испратат исти пораки до функционерите од нивните партии. Слободните и фер веродостојни избори се неопходност за Македонија, вели Груевски.

Инаку претседателот на ВМРО – ДПМНЕ меѓу другото говори и за другите актуелни теми, поврзани со изборниот процес во Република Македонија.

Тој напоменува дека Законот за избори е донесен од страна на сите четири најголеми политички партии уште во ноември минатата година.

Тогаш се согласивме дека 24 април е најсоодветниот термин за излез од кризата. Од една страна обезбедува доволно време за исполнување на сите услови за одржување на фер и демократски изборен процес, а од друга страна не се развлекува кризата и последиците што сите ние секојдневно ги чувствуваме. Датумот произлезе и од договорот од Пржино на кој се согласија сите четири учесници во преговорите.

Ставот на ВМРО ДПМНЕ е дека законите мора да се почитуваат, а пред се мора да се почитува волјата на граѓаните. Излезете на улица и ќе видите. Не мора да ги читате анкетите. Народот референдумски се изјаснува дека сака излез од оваа криза која што ја наметна СДСМ. Постои итна потреба за предвремени избори во Македонија. Без избори, земјата ќе стагнира. Економските резултати кои ги постигна Македонија се меѓу најдобрите во регионот, а тие резултатите беа поткопани од опозицијата преку кризната состојба.

Потребна ни е стабилност за привлекување на странски инвестиции и создавање работни места. Потребна ни е стабилност за инвестирање во училишта, патишта и болници. Потребна ни е стабилност за да станеме членка на ЕУ и НАТО заради наша идна безбедност и просперитет. Потребна ни е стабилност за да граѓаните може да си продолжат со своите животи, да работат посветено, да се грижат за своите семејства и да изградат подобра иднина. Опозицијата гледа поинаква Македонија. Македонија ја гледаат во постојана криза. Ние се бориме да заврши кризата. СДСМ се бори да ја пролонгира.

Ние имаме програма за создавање на работни места, вработување на повеќе Македонци и стимулирање на повисоки плати. Имаме програма за изградба на болници, грижа за болните и осигурување на адекватна здравствена заштита. Имаме програма за патишта и мостови, транспорт и инфраструктура. Имаме програма за образување на нашата младина, за да може да ги научат вештините во кои сакаат да инвестираат работодавачите. Затоа што веруваме дека следниот голем инженер, следниот голем изумител, следниот голем научник, следниот голем технолог е детето во Македонија денес. Тоа е иднината!

СДСМ нема план. СДСМ нема програма. СДСМ нема визија. Тие едноставно креираат криза по криза по криза. СДСМ се претвори во „партија на кризи“. На изборите, на гласачкото ливче нема да има само кандидати и партии. Ќе има избор на визии и избор на тоа каква иднина македонските граѓани сакаат за себе и за своите деца. Изборот е од огромна важност. Не може да се одложи ниту да се негира. Визијата на ВМРО за иднината на Македонија се заснова на правото на народот да одлучува. Ја почитуваме волјата на граѓаните и мудроста на гласачите, вели Груевски.

Во однос на прашањето дали смета дека се исполнети условите за одржување на фер и демократски избори и каков извештај очекува, Груевски вели:

Двете најважни институции кои се најодговорни за одржување на изборите не се под контрола на ВМРО ДПМНЕ. СДСМ преку техничкиот министер Оливер Спасовски раководи со МВР, а за сите најважни одлуки обезбедуваат мнозинство и во ДИК. Токму од нив зависи и прочистувањето на избирачкиот список и обезбедувањето во предизборниот период, односно кампањата, како и самиот ден на гласање. Досега бевме сведоци на бројни опструкции токму од страна на СДСМ. Јас немам илузија дека овие опструкции ќе продолжат како што ќе се зголемува стравот на СДСМ од избори. Дури можам да кажам дека очекувам тие да се зголемат.

Нема да ме зачуди наскоро повторно да гледаме штрајкови и демонстрации. Било што за да се создаде криза и да се избегне пресудата на гласачите. Сме ги виделе и претходно ваквите тактики. Нивните обиди да им забодат нож во грб на македонските гласачи само што почнаа. Јасно е дека се работи за две многу различни визии. Визија на демократија и само-определување наспроти визија за саботажа и уценување. ВМРО верува дека на земјата ѝ се служи најдобро со стабилност и смиреност.

Во однос на прашањето….

Најчитани вести