Груевски за „Титаник”: Без докази нѐ обвинуваат дека сме набавиле подметнувач за чаши

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во вчерашното гостување во „Отвореното студио“ ТВ Нова зборуваше и за случајот „Титаник“, во кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го товари и него. Поранешниот премиер рече дека единствената цел на СЈО е ослабнување на ВМРО-ДПМНЕ, дека целта е луѓето да добијат претстава дека тие се криминалци, работеле незаконски, да ќе бидат бидат затварани и осудувани.

Груевски кажа и дека целта е политички да му се наштети на ВМРО-ДПМНЕ, дека ова не е правен процес, туку политички процес.

„На база на разговори меѓу некои луѓе од партијата, значи не мои, заклучиле дека сме набавиле подметнувачи за чаши и сме изнајмиле звучник, банери на кои пишува ВМРО-ДПМНЕ и дека сме изнајмиле бина. Дека тоа им е сомнително – дали било или не било пријавено, како било и што било пријавено, такви некои небулози. Зборуваат дека сме проневериле 5 милијарди, 6 милијарди евра, не денари, а нѐ обвинуваат за подметнувачи за чаши без никаков доказ, без никаква изјава, половина партија, сѐ со цел да одиме да одиме на суд, да не оцрнуваат, да не чекаат сите новинари пред суд кога ќе излегуваме од судот“, рече меѓу другото Груевски.