Македонија

Груевски за три дена промовираше милионски инвестиции во изградба на училишта

Груевски за три дена промовираше милионски инвестиции во изградба на училишта

Премиерот Никола Груевски изминативе денови со богата агенда, особено кога е во прашање секторот образование. Изминативе три дена беа пуштени во употреба две комплетно нови училишта во општините Бутел и Шуто Оризари, беше поставен камен темелник на основно училиште во Кисела Вода, комплетно нови доградби на две училишта во Шуто Оризари, беше извршен увид во градежни работи на подрачен објект на училиштето „Димитар Поп Горгиев Беровски“, како и надзор на градбата на училиштето во Сарај.

Со изградбата на овие училишни простори се обезбедува нова корисна површина за вкупно 3.500 ученици и се однесуваат на  Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и друго.

Груевски го посети училиштето „Димитар Поп Горгиев Беровски“

Денес Груевски го посети училиштето во Ѓорче Петров „Димитар Поп Горгиев Беровски“ каде се  гради нов објект на училиштето кое ќе функционира како подрачно. За објектот се инвестира 27.5 милиони денари, каде освен доградбата ќе се реконстуира и постоечкиот објект. Во Сарај, пак, се гради комплетно ново средно училиште со 32 милиони денари за 700 ученици, а треба да биде готово до крајот на оваа година.

Ново основно училиште „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода

Претходно македонскиот премиер Груевски удри камен темелник на новото основно училиште „Невена Горгиева Дуња“ каде по изградбата жителите на Кисела Вода наместо старите  дотраени монтажни бараки од 64-та година ќе ги праќаат децата во комплетно нов објект за што се инвестираат 75 милиони денари и ќе биде со капацитет за 600 ученици.

Бутел доби ново двокатно основно училиште

2Бутел доби ново двокатно основно училиште со капацитет за 900 уценици. ОУ „Живко Брајковски“ е со површина од 5.000 м2 за што се инвестирани 73 милиони денари. Со ова се решаваат просторните проблем кои ги имаше општината Бутел.

Отворено прво средно училиште во општина Шуто Оризари

3Вчера во Шутка, Груевски ја пушти во употреба и новата зграда на комплетно новото средно училиште во Шуто Оризари кое е со капацитет за 400 ученици.

Нов објект од 4405 м2, со фискултурна сала, 12 училни кабинети и се што е потребно за развој и одвивање на образовниот процес. Освен тоа се промовираше и доградбата на основното училиште „26 јули“, кое доби нови дополнителни 9 училнци за 270 ученици, на два ката, инвестиција над 31 милион денари. Го посети и  изградениот објект на училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“ кое исто така доби нова доградба од два ката од 2000 м3 со капацитет од 21 нова училница и дополнителни 560 ученици.

-Секое училиште ќе понуди настава за повеќе образовни профили во рамките на здравствената струка, градежно-геодетска струка, лични услуги, угостителско-туристичка струка, економско-правна струка и трговска струка. Верувам дека многу млади луѓе ќе се пронајдат во овие струки и од клупите на ова училиште ќе произлезат многу квалитетни кадри на кои ќе се гордее цело Шуто Оризари, целата ромска популација и цела Република Македонија, истакна премиерот.

Жителите на Шуто Оризари се презадоволни оти се решава еден горлив проблем на општината со обезбедување на просторни капацитети и одлични услови за образование.

 

 

Инаку Владата досега изгради 74 нови училишта за што инвестираше над 20 милиони евра, а реконстуирани се 350 за што се инвестирани над 30 милиони евра, а наскоро се очекува да заврши и реконстукцијата на нови 50.