Груевски: За три недели шест странски компании објавија влез во Македонија

Шест странски компании во изминативе три недели објавија влез во Република Македонија, истакна на вечерашниот митинг во Куманово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој нагласи дека денес уште две компании објавиле отворање на нови работни места, од кои едната е македонска, а деновиве претседателите на компаниите и извршните директори можеле да се слушнат како даваат изјави зошто донеле таква одлука, кога ќе почнат да ја градат фабриката колку луѓе ќе вработат, колку ќе чини инвестицијата.

„Денес уште две компании, обавија нови работни места, една украинска која објави дека ќе вработи директни 150 нови работни места во Скопје плус 50 индиректни и и една македонска компанија која објави 400 нови работни места за луѓе од ИТ бизнисот, софтверите и се друго што е поврзано со информатичка технологија“, нагласи Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека во завршни преговори се со една друга компанија со која долго работат и се надеваат дека истата ќе објави одлука за еден огромен капацитет во североисточниот дел на Македонија.