петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 63

Груевски: Задоволство ми е што започна градбата на новата фабрика на Ван Хол која ќе отвори нови 450 вработувања

van-hol-gruevski-640x418

Поврзани вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска присуствуваше на започнувањето на изградбата на новата фабрика на белгискиот производител на автобуси, компанијата Ван Хол.

Тој изјави дека му претставува задоволство градбата на новата фабрика на оваа компанија.

Ван Хол во 2013-та ја изгради првата фабрика и досега произведе над 1000 автобуси, а вработи околу 850 луѓе.

-Со новата фабрика се планира вработување на уште 450 директни и 100 индиректни вработувања. И само директните вработувања ќе надминат над 1250 , над 1300 практично вработени. Важно е да се каже дека оваа инвестиција вредна 17 милиони евра и 450 нови директни вработувања , плус 100 индиректни е донесена во еден специфичен период што бараше од нас додатни напори, во убедувања на компанијата. Во убедувања на сопствениците дека нема да имаат никакви ризици, имајќи ја предвид  политичката криза којашто ни е наметната во изминатата година и пол, вели Груевски.

Многу ни помогна тоа што компанијата веќе е стационирана во Македонија , вели тој, не запозна и нас и земјата, и предностите што ги дава Македонија и економскиот тим на Владата.

-На тој начин , со едно предзнаење односно веќе познавање  на приликите во Македонија и економскиот тим се одлучи за втора крупна инвестиција со којашто годишно ќе се произведуваат над 1000 автобуси, додава Груевски.

Најчитани вести